Црна хроника
Едномесечен притвор за скопјанец што продавал марихуана и хашиш
Дваесет ипетгодишниот скопјанец Б.А. е приведен заради продажба на дрога, по што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Врз основа на добиено сознание дека Б.А. почнувајќи од крајот на минатата и во текот на оваа година неовластено набавил, точно неутврдена количина на наркотична дрога – марихуана, која ја држел во својот дом и ја препакувал во помали паковки наменети за продажба на уживатели, Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, презеде мерки и активности за документирање на кривичното дело.
Притоа, со Наредба за претрес во дом и други простории издадена од страна на Судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на Б.А. при што се пронајдени и одземени 19 најлонски пакувања со марихуана, една грутка хашиш, една дигитална вага и над 30.000 денари.
Во периодот од 2004 до 2013 година против пријавениот Б.А. поднесени се вкупно пет кривични пријави од кои две за кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и по една кривична пријава за кривичните дела – “затајување“, “кражба“ и “самовластие“.
Инаку досега од почетокот на акцијата “Мрежа“ кривично пријавени се околу 150 нарко дилери, а запленети се и над 515 килограми различни видови дрога. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

