Црна хроника
Експлозија пред седиштето на ДУИ во Мала Речица
Експлозивна направа била фрлена во неделата вечерта во 21.45 часот во близина на седиштето на ДУИ на улица 170 во Мала Речица, тетовско.
Експлозивната направа направила кратер со 20 сантиметри пречник и десет сантиметри длабочина на улицата, а повредени лица нема.Нема штета ниту на другите објекти во близина, а во моментот на експлозијата во портирницата на седиштето на ДУИ имало едно лице кое било ангажирано како обезбедување и поминало без никакви повреди.Екипи на СВР Тетово и јавен обвинител извршиле увид уште во текот на изминатата ноќ при што пронашле и подигнале одредени траги за вештачење и работат на утврдување на видот на експлозивната направа, како и идентитетот и мотивите на можниот сторител или сторители. Во декември минатата година експлозивна направа беше фрлена во близина на влезот на СВР Тетово, но сторителите сè уште се непознати. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

