Црна хроника
’Естрадни уметнички’ од Албанија нелегално престојувале и работеле во ресторан во Велешта
Естрадни уметнички од Албанија со непријавен престој во земјава биле затекнати во угостителскиот објект „Багдад“ во Велешта од страна на полициски службеници на граничната полиција и регионалниот центар Запад и СВР Охрид, соопштуваат од секторот за Внатрешни работи во Охрид.
На Б.Х. (28) и М.С. (21) од Република Албанија согласно законот за странски државјани им е поднесена прекршочна пријава која предвидува парична казна од 250 евра и забрана за влез во Република Македонија во времетраење од една година.
Двете албански државјанки во угостителски објект „Багдад“ извесно време работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој, соопштуваат од СВР Охрид.
Со тоа, како што велат од Секторот за внатрешни работи на Охрид, двете албански државјанки извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во Република Македонија за нелегална работа во земјава./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

