Црна хроника
Фатен 27-годишник што плаќал со лажни евра
Дваесет и седумгодишениот С.М., жител на селото Бајрамовци во Општина Центар-Жупа, минатата година во неколку наврати пуштил во оптек лажни банкноти во апоени од 50 евра.
Во текот на минатата година, пријавениот набавил и пуштил во оптек банкноти лажни пари-евра во апоени од по 50 евра. Во ноември, во оптек пуштил две лажни банкноти користејќи ги во една ветеринарнарната станица во Дебар. Во почетокот на декември 2014 година, во оптек пуштил три банкноти искористувајќи ги во маркет во Центар Жупа, а една лажна банкнота ја употребил во кафеан во селото Новак-Центар Жупа.
На 15-ти декември минатата година, со намера да продолжи да пушта во оптек лажни пари, пријавениот набавил три банкноти од по 50 евра. Истиот ден околу 17 часот, при личен претрес и претрес на неговото патничко моторно возило извршен во Дебар, лажните пари – евра се пронајдени во паричникот од пријавениот.
Лажните пари односно фалсификуваните евра, пуштените во оптек во апоени од по 50 евра, како и пронајдените лажни пари кај пријавениот исто така во апоени од по 50 евра, имале идентичен сериски број Ѕ20175422632. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

