Црна хроника
Фатен арамија што оперирал по Охрид
– фото илустрација
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 26 годишен охриѓанец, осомничен за извршување на неколку кражби на подрачјето на Охрид.
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 26 годишен охриѓанец, осомничен за извршување на неколку кражби на подрачјето на Охрид.
Во текот на јуни во ноќните часови, пријавениот Б.Т. од стан на улицата „7 ноември“ во Охрид одзел 200 евра. Парите ги пронашол откако користејќи го велосипедот се качил на електрично ормарче а потоа на терасата по што со употреба на подесен алат, насилно ја отворил балконската врата и извршил пребарување низ собите.
Користејќи штрафцигер и физичка сила пријавениот Б.Т. на 14 месецов успеал да отвори балконска врата и да влезе во куќа на улицата „Дејан Војвода“. Во моментот се вклучил алармниот систем по што брзо избегал и не одзел ништо.
На 21 минатиот месец Б.Т. користејќи штрафцигер и физичка сила ги отворил катинарите од киоскот „Кај шефот“ на улицата „Караорман“ во близина на гимназијата и одзел еден музички систем.
Во текот на овој месец, пријавениот Б.Т. со кршење на буренцето од влезна врата и со насилно отворање на катинар со штрафцигер, имал неуспешни обиди да влезе во уште две куќи на улицата „Никола Петров Русински“.
Пред извршување на кражбите, пријавениот со велосипед вршел обиколка на делови од градот со цел маркирање на објекти поволни за извршување на кражби.
Б.Т. е лице познат на службата против кого и по други основи се поднесувани соодветни пријави. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

