Контакт

Црна хроника

Фатени арамии што оперирале на територијата на Кисела Вода и Аеродром

Објавено пред

Тројца арамии заработија кривична пријава и 30 дневен притвор откако биле фатени како се обидуваат да ограбат куќа.

dobivaj vesti na viber

Секторот за внатрешни работи Скопје, по превземени мерки и активности до надлежното ОЈО Скопје поднесе една кривична пријава и едно писмено известување против лицата С.М. (21), Б.А. (19) и С.Д. (20) сите од Скопје, поради основано сомнение дека истите извршиле 65 кривични дела и тоа 55 дела – “тешки кражби“ предвидени и казниви по член 236 од КЗ на РМ и 10 дела – “тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл.236/19 од КЗ на РМ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.877.700 денари.

За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Имено, по претходна анонимна телефонска дојава дека на бул.“12-та Македонска бригада“ две непознати лица сомнително се движат помеѓу куќите, од страна на полициски службеници било излезено на лице место, при што биле затекнати лицата С.М. и Б.А. кои се лишени од слобода и приведени во ПС ОН „Аеродром“ за понатамошна постапка.

Во ПС ОН „Аеродром“ бил извршен разговор со истите, во кој тие појасниле дека кога биле затекнати во дворот од куќата имале намера да влезат во куќата и да извршат кражба, но дека биле спречени во намерата од страна на полициски службеници.

Исто така појасниле дека во претходниот период на подрачјето на општините „Аеродром“ и „Кисела Вода“ заедно со трето пријавената С.Д. имаат извршено повеќе тешки кражби во куќи и станови од каде имаат украдено пари, златен и друг накит, преносни компјутери (лап топ) и други предмети. Златниот накит го продавале во златара лоцирана во ГТЦ Скопје, преносните компјутери (лап топ) ги заложувале во заложна куќа, а останатиот накит и предмети ги продавале на непознати лица на пазарот во населбата „Шуто Оризари“. Парите кои ги добивале од продажбата, заложувањето и парите кои ги пронаоѓале и одземале од куќите и становите ги делеле помеѓу себе, по што дел од парите ги трошеле во казина, а другиот дел од парите ги трошеле за свои потреби. По извршениот разговор од страна на С.М и Б.А. биле посочени куќите и становите во кои ги имале извршено тешките кражби, а дале и појаснување за начинот на кој влегувале во куќите и становите и какви се предмети одземале.

Кривичните дела ги вршеле преку ден, но и во ноќните часови во временскиот период од 16.03 до 23.10. годинава и тоа на подрачјето на Аеродром и Кисела Вода при што 46 тешки кражби извршиле во станови лоцирани на приземје и 19 тешки кражби во куќи.

Во ПС ОН „Аеродром“ бил повикан сопственикот на златарски дуќан лоциран во Градски трговски центар – Скопје и со него е извршен разговор во врска со сознанието дека горепријавените во неговиот златарски дуќан го продавале украдениот златен накит. Во разговорот истиот појаснил дека од пријавените во повеќе наврати имал откупено златен накит за што им биле издавани потврди за откупено лом злато, но дека златниот накит веќе го имал претопено.

По предходно издадена Наредба од Судија на предходна постапка од Основен Суд Скопје I Скопје, бил извршен претрес и во заложната куќа поради основи на сомнение дека во заложната куќа горепријавените имаат заложено повеќе преносни компјутери (лаптопи) кои потекнуваат од извршените кривични дела. При претресот пронајдени биле неколку заложени преносни компјутери (лаптопи) за кои им биле издадени каса исплати и кои со потврда се одземени од сопственикот на заложната куќа и вратени на сопствениците.

Инаку, С.М. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2011-2016 година поднесени му биле 20 кривични пријави по чл.235 и 236 од КЗ на РМ; против Б.А. како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти од страна на СВР Скопје во временскиот период од 2015-2016 година поднесени му се седум кривични пријави по чл.236 од КЗ на РМ, а против С.Д. СВР Скопје во временскиот период од 2009-2016 година има поднесено 45 кривични пријави по чл.235, 236, 242 и 237 од КЗ на РМ. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

ДЗС: Пронајдени опасни артилериски гранати во Прилепско и неиспукан проектил во Тетовско

Објавено пред

Од

Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), во овој период постојано работи на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) на линијата на Македонскиот фронт од минатите војни, но и од последниот конфликт во нашата држава, од 2001-та.

dobivaj vesti na viber

Конкретно, во село Витолиште Мариово, Општина Прилеп, беа пронајдени и безбедно отстранети артилериски гранати од Првата светска војна (артилериска граната 105mm и минофрлачка граната 75mm).

По пријава во СВР Тетово, во атарот на село Непроштено беше отрането НУС, проектил 40mm од рачен фрлач на противпешадиски гранати, што потекнува од конфликтот во 2001.

„Инаку, ДЗС дејствува со ограничените човечки ресурси за НУС. Поточно, пиротехничарот од Дирекција за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов, безбедно ги подигна и ги транспортираше на сигурно и безбедно место, се до нивното уништување на воениот полигон во Криволак“, велат од Дирекцијата.

Прикажи повеќе...

Топ

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Објавено пред

Од

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто Оризари. Жртвата со тешки повреди и скршеници е пренесен во болница. Едниот насилник е уапсен, останатите двајца се во бегство.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството отвори истрага против лицата.

„На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот. Додека тој го паркирал возилото пред влезната врата на објектот, тројцата осомничени го нападнале од зад грб, видно агресивни без посебен повод или причина. Започнале да го удираат со дрвени и железни палки, клоци и боксови по главата и по телото, нанесувајќи и на жртвата тешки телесни повреди – фрактури на повеќе коски. Со насилството била предизвикана вознемиреност и страв и кај други лица – сведоци на настанот“, соопшти Обвинителството.

До овој момент, уапсен е еден од осомничените, 29-годишник за кого јавниот обвинител денеска поднесе предлог за определување мерка притвор до Судот, поради можноста да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците и врз оштетениот.

Останатите двајца осомничени се идентификувани, станува збор две лица од Сингелиќ на возраст од 38 и 40 години, но се во бегство од моментот на извршување на делото, па јавниот обвинител издава насоки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Двајца малолетници од Лабуништа направија сообраќајна несреќа, едниот возел мотор, другиот тротинет

Објавено пред

Во селото Лабуништа, Струшко, се случи сообраќајна несреќа помеѓу двајца малолетници.

dobivaj vesti na viber

Едниот управувал мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, а вториот – електричен тротинет. Двајцата се  од Лабуништа, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 час

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ2 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија4 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија4 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија5 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ6 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ6 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија7 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион7 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа9 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион10 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија10 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија10 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ21 час

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија22 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија23 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија23 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија1 ден

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...