Црна хроника
Фатени дрвокрадци во Тетовско
Во саботата, во три одвоени случаи, Министерството за внатрешни работи откри повеќе локации на територијата од СВР Тетово каде што се извршувала незаконска сеча на огревно дрво.
Имено, полициски службеници од СВР Тетово, на три различни локации во атарот на тетовското село Мерово пронашле вкупно 42 метри кубни огревно дрво. Пронајденото огревно дрво било оставено во месноста „Јабланица“ и покрај селскиот пат во Мерово.
Покрај тоа, откриена е и локација од околу 10 хектари, на која засега непознати сторители извршиле безправна сеча на дрва.
Исто така, во саботата пред куќата во сопственост на 41-годишниот И.Б. од село Желино, пронајдени се 76 метри кубни дабови и 15 метри кубни букови дрва, а во дворот на истата куќа уште 70 метри дабови и 30 метри букови дрва, за кои не ја поседувал потребната документација и кои немале соодветен жиг.
По наредба на јавен обвинител, на лицето И.Б. му е одредена мерка притвор, а пронајдените дрва ќе бидат предадени на Јавното претпријатие „Лешница“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.