Црна хроника
Македонски државјани настрадаа во сообраќајка во Србија
Двајца македонски државјани се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во понеделник изутрина на автопатот Белград-Ниш, кај Марковац, објави Танјуг.
Во сообраќајката тешко е повредена една жена која е пренесена во Ургентниот центар во Белград.
Несреќата се случила утрово околу 8 часот кога возило со регистерски ознаки од Македонија, на пат кон Белград, удрило во заштитната ограда покрај патот, изјавила за Танјуг портпаролката на Полициската управа во Јагодина, Гордана Цветиќ.
Во автомобилот имало тројца патници, двајца мажи и една жена која е најтешко повредена. Едниот маж поминал без повреди.
Во тек е полицискиот увид и се работи на утврдување на причините за несреќата.крај/мф/сд
Извор: Фото/РТС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.