Црна хроника
Фатени двајца крадци, момче и девојка, кои краделе низ Скопје
Полицијата уапси двајца кратци, момче и девојка кои подолго време краделе низ Скопје и украле близу 200.000 денари.
Дваесет и едногодишното момче и деветнаесетгодишната девојка извршиле четири кражби во периодот од јануари до март годинава, провалиле во неколку куќи и еден бутик во подраќјето на скопските населби Карпош и Центар.Една од кражбите ја извршиле додека вратата од куќата не била заклучена, а во другите две куќи со погодел алат делувале меѓу крилото и рамката од влезната врата. Продавницата ја ограбиле кога со тврд подесен предмет го скинале катанецот од надворешната железна врата а потоа со физичка сила и погоден предмет ја отвориле ПВЦ вратата од бутикот.Претурале низ објектите и украле мобилни телефони, часовници, златен и сребрен накит, телевизор, лап-топ компјутер, паричник со документи, како и поголема количина на гардероба (тренерки) од продавницата. Дел од украдените предмети момчето ги продавало на познати лица, а останатите ги продал во населба Шуто Оризари и на дивиот пазар на Кале на непознати лица. Дел од пронајдените предмети со подврди се одземени и вратени на оштетените.Против момчето досега се поднесени 16 кривични пријави за кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против јавниот ред и мир, а против девојката поднесени се 34 кривични пријави сите од областа на имотните деликти.На момчето му е одреден притвор во траење од осуме дена, додека девојката задолжително мора да се јавува во суд секој понеделник./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

