Црна хроника
Фатени двајца малолетници што ограбувале автомобили во Центар
Две малолетни лица се приведени под сомнение дека сториле осум тешки кражби, 13 тешки кражби во обид, како и една кражба во обид, односно вкупно 22 кривични дела, заради што им е одреден едномесечен притвор.
Кривичните дела пријавените М.Р. (15) и Е.Р. (16) од Скопје ги извршиле во периодот од 20 до 24 минатиот месец во доцните вечерни часови на подрачјето на скопската општина Центар и тоа: 13 – на ул. “50-та Дивизија“, три дела на ул. “Отон Жупанчиќ“ и по две на улиците “Јордан Мијалков“, “Коле Неделковски“ и “8-ма Ударна Бригада“.
Притоа, во 13 случаи пријавените кривичните дела ги извршиле на тој начин што откако ќе се обезбеделе дека нема да бидат забележани од никого се доближувале до влезната врата од зграда каде што М.Р. со употреба на погоден предмет (штрафцигер) и физичка сила истата ја отворал и двајцата влегувале внатре. Потоа по скалите слегувале во подземна гаража на паркираните патнички моторни возила. Таму првопријавениот Рамо со употреба на штрафцигер делувал помеѓу рамот и стаклото на една од вратите, го кршел стаклото, правел отвор по целата површина и со протнување влегувал во возилото каде извршувал само пребарување и претурање (од непознати причини се откажувал од намерата и не одземал ништо), а потоа без да бидат забележани двајцата го напуштале лице местото и се упатувале кон соседната зграда.
Од друга страна, во девет случаи кривичните дела ги извршиле на тој начин што откако ќе се обезбеделе дека нема да бидат забележани од никого се доближувале до влезна врата од подземни гаражи, и од осум возила одземал пари, ЦД-иња, рачни ножеви, навигациски уред и други ситни предмети (со што се стекнале со противправна имотна корист во висина од 21.200 денари), а потоа без да бидат забележани од никого го напуштале лице местото и се упатувале се кон соседните згради.
На 24. минатиот месец во ПС ОН Центар, извршен е службен разговор со пријавените во кој истите го појасниле начинот, местото и времето на извршување на кривичните дела, а со потврда за привремено одземени предмети од М.Р. одземен е штрафцигерот со кој ги извршувал наведените кривични дела, како и еден ранец во кој ги носел украдените предмети, како и еден навигационен уред кој е вратен на сопственикот оштетениот. Инаку во изминатиот период, односно во текот на минатата година, против М.Р. поднесени се две кривични пријави кои се однесуваат на кривични дела од областа имотните деликти (тешки кражби). /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

