Црна хроника
Фатени тројца крадци од Арачиново, извршиле 14 кражби и украле над 650.000 денари
Фатени тројца крадци од скопското село Арачиново, на возраст од 18 и 19 години, кои извршиле 12 кражби и две кражби во обид, и украле вкупно 666.412 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи. За девет месеци извршиле 14 тешки кражби противправно „заработувајќи“ над 650.000 денари
Кривичните дела ги извршиле на подрачје на Гази Баба во временскиот период од март до декември минатата година, и тоа во 13 случаи во општина Арачиново, од кои 10 се тешки кражби во куќи, една е во обид, една во пошта, и две во моторно возило (една во обид), како и една тешка кражба во куќа во населбата Ченто.Тешките кражби во куќи ги извршувале најчесто во попладневните и вечерните часови кога сопствениците не биле присутни во своите домови, при што во пет случаи кривичните дела ги извршиле така што насилно ги отворале влезните врати од куќите, во два случаи со помош на алат и физичка сила ги отворале балконските врати, додека во три случаи со погоден предмет насилно делувале меѓу крилото и касата на прозорец. Во еден случај влегле во куќа со кршење на цилиндарот на бравата од влезната врата. По извршено претурање и пребарување во објектите одземале техничка стока, златен накит, златници и алат за работа.Тешката кражба во поштата во село Арачиново, пак, е извршена на тој начин што насилно со употреба на погоден предмет ја пресекле фиксната заштитна решетка, направиле отвор, а потоа насилно го отвориле прозорецот. По извршеното пребарување одзеле една метална каса – сеф марка „ЕМО Охрид“ во кој имало 17.412 денари, уплатници со вредност од 33.000 денари, разни документи и предмети сопственост на поштата. Сефот го натовариле во рачна количка, го истуркале во близина на отвореното игралиште во село Арачиново, каде од еден објект успеале да искористат електричен напон и со помош на електрична брусалка го отвориле и ги одзеле парите и останатите предмети. Сефот со патничко моторно возило го однеле во атарот на село Грушино, каде го фрлиле во шумата покрај локалниот пат. Двете тешки кражби во моторни возила ги извршиле со насилно отворање на предната хауба од возилата при што во еден случај украле еден акумулатор .Еден дел од противправно одземените предмети ги чувале во станот на еден од осомничените, додека пак златниот накит и златните пари за пониски цени, ги продале во златарски дуќан лоциран во Старата скопска чаршија, а добиените парични средства ги потрошиле за свои потреби. Исто така, дел од противправно одземените предмети (телевизори и алати) ги дале на три лица од село Арачиново за да подмират претходни парични долгови.При претрес во нивните домови пронајдени се дел од предметите од кражбите и им се вратени на оштетените. Извршен е разговор со двајца од крадците, додека по еден од нив како и трите лица кај кои се оставени дел од предметите, заради подмирување на претходни долгови се распишани локални потерници. Инаку, од тројцата пријавени, само крадецот по кој трага полицијата е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што во 2012 година од страна на СВР Скопје му е поднесена кривична пријави. Против тројцата се поднесени кривични пријави за тешка кражба и кражба во обид./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

