Црна хроника
FBI разби „хакерски пазар“- осомничени и Македонци
Министерството за правда на САД во соработка со Федералното биро за истраги FBI откри криминален хакерски „пазар“ на којшто се тргувало со украдени податоци, а меѓу осомничените хакери има и од Македонија.
Според информациите коишто ги објавија српските медиуми, освен украдените податоци, на сајтот Darkode.com, можело да се купи и софтвер и други продукти коишто можеле да украдат информации од компјутери и мобилни телефони.Истрагата којашто траела 18 месеци, опфаќала околу 70 наводни сајберкриминалци од САД, како и од 19 други земји меѓу кои има хакери и од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Американските власти истакнуваат дека во сите земји од кои доаѓаат хакерите има и жртви на нивните акции. Тајниот сајт во којшто можеле да влезат само членовите на групата, бил најголем сајт од овој вид на англиски јазик, се додека ФБИ не добиле судска дозвола да го уништат.„Уништивме сајбер гнездо на криминални хакери за коешто многумина веруваа дека е невозоможно да се собори“, наведува обвинителот на САД, Дејвид Хиктон.Според него, против 12 лица од САД се покренати обвиненија. За нив се наведува дека во 2007 година ја создале Darkodа, „за да ги соберат најталентираните хакери и сајберкриминалци на интернет“ се вели во документите од судот.Бројот на жртвите и нивните загуби не може да се пресметаат, се проценува дека станува збор за милијарди долари. Од луѓето на Балканот се истакнува само Матијаж Скорјанц од Марибор за кого се наведува дека е уапсен во Словенија и дека ќе биде екстрадиран во САД за да се соочи со обвиненијата меѓу кои се прислушување, како и банкарски и компјутерски измами.Роб Вајнврајт од Европол изјави дека соборувањето на Darkoda значајно ја намали сивата економија, и е потсетник дека приватните форуми не смеат да бидат гнезда на криминалци. Меѓу осомничените има и еден осумнаесетгодишник од Англија кој се сомничи дека наводно е одговорен за хакирање на мрежите на „Сони плејстејшн“ и „Xbox-a“.Осомничените се хакери од Велика Британија, БиХ, Бразил, Канада, Колумбија, Костарика, Хрватска, Кипар, Данска Финска, Германија, Израел, Латвија, Македонија, Нгерија, Романија, Србија и Шведска.Се очекува во текот на денот македонската полиција да излезе со детали за акцијата./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.