Контакт

Црна хроника

Физички напади со метални прачки и бејзбол палки во Прилеп и Куманово

Објавено пред

– илустрација

dobivaj vesti na viber

Прилепчанец бил нападнат од две непознати лица откако претходно еден од напаѓачите удрил со мопед во неговото возило.

Прилепчанец бил нападнат од две непознати лица откако претходно еден од напаѓачите удрил со мопед во неговото возило.

Како што соопшти полицијата, во саботата во полиција во Прилеп В.Х. од истиот град пријавил дека околу 18.30 часот додека со Ф.И. (28) се возеле со автомобил „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки, низ населба Варош, во задниот дел бил удрен со мотор „Веспа“ кој го управувало непознато лице. После тоа В.Х. застанал на друга улица за да види колкава е штетата на возилото. Во тој момент пристигнало истото  лице со уште едно непознато лице и со метален предмет почнало да удира по задното ветробранско стакло, а ги скршило стаклата од задната десна врата. Сторителот во неколку наврати го удрило Ф.И.  во десниот лакт, десниот рачен зглоб, десната надколеница. Но, и покрај тоа В.Х. успеал да го стартува возилото и се упатил кон полицијата во Прилеп. Доктор од Итна медицинска помош кај В.Х. и Ф.И. констатирал телесни повреди. ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот..Во друг настан во Куманово, ноќта кон недела 29 годишен Кумановец А.Ш. и неговиот пријател Р.З. биле нападнати од од страна на А.Н., А.Н., С.Н., А.Н и, Б.Н. со бејзбол палки додека седеле во ресторан на плоштад Маршал Тито.Притоа А.Ш. бил удиран со бејзбол палки  по глава и тело каде му нанеле видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници.  По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот.  На повредените им била укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, каде се задржани на лекување. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст

Извор: МВР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.

Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички

Објавено пред

Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче

Објавено пред

Од

Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.

dobivaj vesti na viber

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет5 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија6 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет6 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет8 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет8 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија22 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ1 ден

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија1 ден

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија1 ден

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ1 ден

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија1 ден

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет1 ден

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...