Црна хроника
Го пречекале на аеродром и го ограбиле
Долетал од Италија во Скопје, но тие што го дочекале на аеродромот и го превезувале до дома, го ограбиле.
Во четвртокот, во 11.30 часот В.К. (31) од село Огњанци, скопско, пријавил дека на во средата околу 4.20 часот лицето Б.Б. и уште едно непознато лице извршиле кражба врз него.Него, откако слетал од Италија на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје го пречекала Б.Б. и непознатото лице кои му се понудиле да го однесат до село Огњанци. Имено, откако тргнале со автомобил „aлфа ромео“ со белгиски национални ознаки кон село Огњанци, на барање на В.К. застанале да купи цигари. Кога излегол се одалечиле во непознат правец. На В.К. во возилото му останал куферот со лични работи, во кој имало и мала торбичка во која, по негово кажување имал 5.000 евра и лични документи. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

