Контакт

Црна хроника

Гостиварци и светиниколчанец криумчареле мигранти од Сирија

Објавено пред

Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО – за организиран криминал и корупција Скопје, поднесена кривична пријава против 41-годишниот С.П. и 21-годишната Т.П., двајцата од Гостивар со место на живеење во Гевгелија, како и 42-годишниот Г.Ф. од Свети Николе поради основано сомнение за извршени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење  мигранти“ и „криумчарење мигранти“. 

dobivaj vesti na viber

 

Пријавените лица  биле организирани во група и заедно ги извршувале горенаведените кривични дела  во соработка со уште две лица за кои од страна на МВР претходно е поднесена кривична пријава. Судија на претходна постапка на првопријавениот  и третопријавениот им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена, додека на второпријавената и била изречена мерка на претпазливост, односно привремено и била одземена патната исправа.

 

Имено, на 5-ти април на Автопатот Велес – Скопје, поточно кај Катланово од страна на полициски службеници биле запрени  две возила „Фиат Темра“ сопственост на второпријавената а управувано од страна на лице од Гевгелија кое претходно е пријавено и „Опел караван“ управуван од другото лице кое исто така е пријавено претходно.

 

При извршен преглед во возилата пронајдени се 16 лица илегални мигранти од Сирија. Од обавениот разговор со лицата кои ги управувале двете возила констатирано е дека истите најпрво се договориле со првопријавениот да превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, а за успешно завршената работа ќе добијат паричен надомест од по 500 евра.

 

Исто така од разговорот утврдено е дека еден од возачите бил во роднински врски со третопријавениот и на истиот му било понудено заедно со првопријавениот да се приклучи со неговото возило марка „фолксфаген шаран„ како претходница односно чистач на двете возила за сума од 200 евра.

 

Според документираните сознанија претходниот ден, односно на 4-ти април околу 22.30 часот откако лицата ги преземале илегалните мигранти на излез од Гевгелија првопријавеното и третопријавеното лице со возилото на третопријавеното лице возеле на неколку километри пред нив и им го обезбедувале патот кон Куманово.

 

За време на патувањето возачите на возилата во кои се превезувале мигрантите цело време контактирале  со прво и третопријавеното лице. Откако ја поминале наплатната рампа во Велес, во близина  кај Катланово  од страна на   полициски службеници  биле сопрени и приведени во ПС.

 

Од добиени сознанија утврдено е дека првопријавеното лице  подолго време се занимавало со криумчарење на мигранти, неговата улога заедно со второпријавената која е негова ќерка била да им обезбедува возила, пари за гориво и патарини  на возачите кои ги  превезуваат мигрантите, со цел да стекнат  имотно правна корист.

 

Улогата на второпријавеното лице била да остварува контакт со непознато лице од Авганистан, кој работел во пограничниот реон со Грција во близина на ГП Богородица кој овозможувал илегално префрлување на мигрантите од Грција во Македонија и го договарале времето и местото каде треба да бидат донесени мигрантите./крај/мф/со



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште

Објавено пред

Од

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.

На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино

Објавено пред

Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.

dobivaj vesti na viber

Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка

Објавено пред

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.

dobivaj vesti na viber

Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија1 час

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет2 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет2 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет2 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија13 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија18 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија19 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија21 час

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија23 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија23 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија1 ден

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија1 ден

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион1 ден

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет1 ден

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет1 ден

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија1 ден

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет1 ден

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...