Црна хроника
Гостиварка си ги скрши двете нозе бегајќи пред насилник
Дваесет идвегодишна девојка од гостиварското село Чајле тешко се повреди здобивајќи се со скршеници на двете нозе по пад од дрво каде го побарала спасот обидувајќи се побегне пред насилник
Инцидентот се случил во саботата околу 18,15 часот во Гостивар на улицата „Светозар Пепоски“ бб, додека девојката се движела по улицата, кога и се доближил непознат маж кој управувал мотоцикл и почнал да ја навредува. Девојката се исплашила и почнала да бега по улицата кон зграда бр.53, по што почнала да се качува на дрво, но во еден момент паднала на земја и се здобила со скршеници на двете нозе.
Со возило на Брза помош, била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош е пренесена и задржана на лекување во клиничкиот центар во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, а според првичните сознанија девојката не го познавала насилникот, а не успеала да ја забележи марката на мотоциклот или регистерските ознаки./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.