Црна хроника
Грабнал девојка од автомобил и побегнал
Жеровјанец грабнал 23-годишна девојка, извлекувајќи ја од друг автомобил и побегнал, полицијата го најде и го приведе.
Во саботата, Б.Р.(28) од Гостивар пријавил дека околу 23.30 часот на ул.„Живко Брајкоски“ С. Д. од село Жеровјане ,тетовско, извршил грабнување на А.А.(23) од тетовско село.
Имено, С.Д заедно со друго лице кое управувало автомобил, под закана дека наводно има пиштол ја извлекол А.А од „Опел Астра“, возило во кое оштетената била со пријавителот, по што Б.Р се исплаши и побегнал, а С.Д. влегол во возилото ја удрил оштетената два пати со раката во пределот на лицето заканувајќи и се дека ќе ја однесе во шумата.
Во 23.50 часот во село Чајле од страна на патрола од полициски службеници пронајдени се С.Д. и А.А., по што С.Д. е приведен и задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

