Црна хроника
Градежни работници се тепале со чекан и пиштол

Во петокот околу 7.15 часот во село Селце, тетовско настанала вербална расправија помеѓу Ј.К.(38) и Р.А.(36) кој со багер извршувал градежни работи, а бил ангажиран од страна на Б.И.(40).
Во петокот околу 7.15 часот во село Селце, тетовско настанала вербална расправија помеѓу Ј.К.(38) и Р.А.(36) кој со багер извршувал градежни работи, а бил ангажиран од страна на Б.И.(40).
Во еден момент Ј.К. фрлил чекан кон Р.А. кој бил на багерот и го погодил со што му нанел повреди во пределот на телото по што дошол и Б.И. за да ги раздели, а Р.А. извадил пиштол и испукал еден истрел во непознат правец.
По кратко време пристигнале и браќата на Ј.К. и го напуштиле местото на настанот. Р.А. е пренесен во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош.
Со истиот како и со останатите лица извршен е разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени возачи во Делчево и гостиварско, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Полицијата уапси возачи во Делчево и гостиварско затоа што управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената.
Вчера во 12:00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода П.К.(32) од Радовиш. При контрола во патниот сообраќај со радар било констатирано дека П.К. управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки надвор од населено место со брзина од 133 километри на час на место каде што со сообраќаен знак брзината е ограничена на 60 километри на час.
Истиот ден, околу 23:30 часот во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.С.(42) од Охрид. Тој со патничко моторно возило ,,сузуки” со охридски регистарски таблички предизвикал сообраќајна незгода, по што при преземање мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека Н.С. е под дјество на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Нападнал полицаец кој му врачувал покана за во полициска станица во Виница

Вчера во 10.10 часот во Виница, полициски службеници го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кочани, со живеалиште во Виница, затоа што физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница додека извршувал службени дејствија, односно му врачувал покана за службен разговор.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.В. во Виница, при што биле пронајдени и одземени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со остатоци од марихуана, куршуми различен калибар, три сабји, електрошок и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Тетовец се самозадоволувал на автобуска постојка пред 4-годишно дете и нејзината мајка

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Фалише, осомничен за кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг.
На јавно место, на автобуска постојка, пред 4-годишно девојче и нејзината мајка, осомничениот се самозадоволувал. Жената и детето веднаш се обратиле за помош на друго лице присутно во близина, кое реагирало, по што осомничениот се покрил и избегал.
Судот на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.