Црна хроника
Грција и екстрадираше на Македонија жена макро осудена на затворска казна
Министерството за внатрешни работи во неделата соопшти дека успешно ја заврши екстрадицијата на 54 годишната Жанета Баша од Гостивар.
Истата беше преземена од грчките органи на прогонот и спроведена на издржување на пресудената казна затвор во времетраење од 10 години во КПУ Идризово.
Баша се бараше преку ИНТЕРПОЛ со меѓународна потерница распишана на 06.04.2014 година по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција на 22.09.2014 година по што и беше изречена мерка притвор и отпочна постапката за нејзина екстрадиција.
Во 2012 година, Основниот суд Гостивар ја прогласи за виновна за сторено кривично дело „Трговија со малолетно лице“ по член и изрече казна затвор, а дополнително и ја задолжи на оштетените на име надомест на нематеријална штета им исплати износ од по 400.000 денари, во рок од 30 дена од правосилноста на пресудата согласно. За остатокот од имотното правно побарување оштетените биле упатувени на спор.
Поконкретно, таа се товарела дека трудово и сексуално ги експлоатирала малолетничките на начин што оштетените работеле како келнерки и придружнички на гости во угостителскиот објект Делфина во Гостивар и секогаш кога обвинетата ќе им наредела давале сексуални услуги во нејзиниот стан и во мотелите Елита, Монако и Игнација во Гостивар и во други мотели за износ од 2.000,00 до 3.000,00 денари за еден клиент. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.