Црна хроника
Грк сакал да прошверцува околу 175 илјади евра во Македонија
Грк се обидел да прошверцува околу 175 илјади евра во Македонија, но бил спречен од цариниците на граничниот премин „Меџитлија.
Настанот се случил во вторникот, кога грчки државјанин, сопатник во патничко моторно возило со грчки регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, патникот со иницијали Ц.И. (66) изјави дека освен личен багаж, облека и околу 1.000 евра во готово, нема ништо друго да декларира.
Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален личен преглед на патникот, при што покрај пријавените 1.040 евра во џебот од панталоните, во неговата ташна пронајдени се и непријавени 6.800 евра и 179.533 евра во чекови.
Согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според тоа 1.040 евра во готово и 9.000 евра во чекови му се вратени, додека останатите 6.800 евра во готово и 170.533 евра во чекови се одземени. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

