Црна хроника
Грк со бизнис во Македонија незаконски изнел 1.700.000 евра на Кипар
Грчки државјанин, сопственик и управител на фирмата Ирис Текстил ДООЕЛ Битола е осомничен за незаконско изнесување на 1.700.000 eвра надвор од Македонија, односно на Кипар.
Од страна на инспекторите од Финансиската полиција утврдено е дека во Никозија, Кипар правниот субјект Ирис текстил ДООЕЛ Битола има склучено два идентични договори со фирмите Ноело ЛТД и Бреска ЛТД и двете со седиште во Никозија. Од извршениот увид на потпишаните договори утврдено е дека двете фирми се регистрирани на исто седиште Archiepiskopou Makariou III, Capital Centre 5-th flour 1065 Nicosia и двете се претставувани од ист директор. Предмет на овие договори е уредување на односот меѓу двете договорни страни каде наводните посредници (Ноело ЛТД и Бреска ЛТД) се обврзале да работат на пронаоѓање и обезбедување контакти со претставници кои ќе преговараат за склучување на договори за продажба на стоки од производната линија на Ирис Текстил ДООЕЛ Битола за грчкиот пазар. За успешно завршената работа во наоѓањето на нови пазари, првопријавениот на посредничките фирми од Кипар требало да им плаќа провизија од едно до пет евра (1-5 евра) по единица продаден производ.Врз основа на вака склучените договори, пријавениот во неговата сметководствена евиденција во текот на 2014 година евидентирал странски фактури за наводно посредништво од фирмата Бреска ЛТД Кипар (Никозија) каде за период од 01.01.2014 до 31.12.2014 година евидентирани се обврски во вкупен износ од 1.090.761 евра од кои на сметка во Кипар исплатени се 838.000 евра. Истиот рецепт за изнесување на пари од Република Македонија е применет и со фирмата Ноело ЛТД Кипар (Никозија) за која за период 01.01.2014 до 31.12.2014 година во сметководството на Ирис Текстил евидентирани се наводни обврски во вкупен износ од 1.100.000 евра од кои на сметка во Кипар исплатени се вкупно 862.000 евра. Од увидот на доспеаните влезни фактури од двете фирми од Никозија-Кипар за периодот 01.01.2014-31.12.2014 година утврдено е дека истите се со опис „провизија за извршениот извоз во странство“.Имајќи го во предвид фактот дека правниот субјект Ирис текстил ДООЕЛ Битола нема сопствено производство и продажба на свои производи на странски пазар бидејќи работи на лон систем на производство, како и фактот дека по склучувањето на договорите со фирмите од Кипар наводни посредници и пронаоѓачи на нови пазари, Ирис Текстил ДООЕЛ Битола нема склучено ниту еден нов договор за продажба на производи во Грција или во друга земја, јасно е дека влезните фактури се со невистинита содржина и се искористени само за испумпување на парите од сметките на македонската фирма на сметки во КипарСо превземените дејствија, пријавениот Д.Л(53) само на име затаен данок, Република Македонија ја оштетил за сума од над 400.000 евра.Против осомничениот е поднесена кривична пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

