Црна хроника
Инцидент во чајџилница во Долно Свиларе, еден повреден

Едно лице е повредено во инцидентот што се случил во четвртокот попладне околу 15 часот во чајџилница во скопското село Долно Свиларе.
Додека седеле на маса, почнала расправија меѓу триесетгодишниот Г.К. од една страна, и дваесет и деветгодишниот Х.М. и неколку други лица од друга страна, по што еден од напаѓачите извадил пиштол и испукал неколку куршуми, по што сите избегале. Лекар од ГОБ „8-ми Септември“ го пријавил случајот во полиција, откако повредениот бил примен во болница во телесни повреди на главата. Се утврдува кој му ги нанел повредите и како. Полицијата го привела Х.М. додека по останатите напаѓачи сè уште се трага, по што против сите ќе биде поднесена пријава./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.