Црна хроника
Исчезнале три малолетнички
Во три одделни случаи, родители пријавиле дека исчезнале нивните малолетни ќерки, и тоа една во Штип, една во Драчево и една во Кичево.
Имено, во вторникот, во 20 часот во полициската станица во Штип Н.В. (42) од Штип пријавил дека на 25.03.2016 година околу 19.00 часот во непознат правец се оддалечила неговата седумнаесетгодишна ќерка. Мајка од Скопје, пак, во 19 часот во полициската станица во Драчево Е.С. (40) од Скопје пријавила дека на 8.03.2016 година од дома во непознат правец се одалечила нејзината седумнаесетгодишна ќерка. Исто така, во вторникот, во 16.30 час во полициската станица во Кичево Ј.Б. (43) од село Другово, кичевско, пријавила дека дента нејзината тринаесетгодишна ќерка не се вратила дома од училиште. Во 12.40 часот девојчето излегло од училиште и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

