Црна хроника
Ја давел со врвка и ја претепал во црква

Непознато лице во средата без повод и причина претепал шеесет и четиригодишна гевгеличанка која завршила во Ургентен центар во Скопје со крварење во мозокот.
Напаѓачот попладнето околу 15 часот, во просториите на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, се обидел да ја удави жената со врвка од обувка, но откако не успеал почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Жената била пренесена во Општата болница во Гевгелија, каде и биле констатирани тешки телесни повреди со подливи и крварење на мозокот. Поради сериозноста на повредите таа е префлена во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
14-годишно девојче нападнато од врснички во Аеродром

К.П.(41) од Скопје пријавила дека на 26 април во 20.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои ги познавала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнат од сопругата во Аеродром, случајот пријавен во МВР

Тритесет и петгодишен маж од Скопје пријавил дека во саботата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од неговата сопруга М.М.П.(36) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Изгубил контрола врз тротинетот и паднал: тешко повреден скопјанец

Вчера околу 20.10 часот во СВР Скопје e пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, Б.Ј.(38) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.