Црна хроника
Ја снимале за да ја уценуваат, таа не се сеќава што правела со двајца мажи
Двајца ресенчани киднапирале нивна сограѓанка, потоа ја снимале и ја уценувале дека ако не им даде 2.000 евра снимката ќе му ја покажат на сопругот и на деверот.
Двајцата насилници минатиот месец ја пресретнале жената во близина на нејзиното работно место и со закана за безбедноста на нејзините деца, ја натерале да влезе во нивниот автомобил.Жената влегла, ја однеле на непознато место и според нејзиниот исказ, таа не се чувствувала добро и не се сеќава што се случувало.По две недели од инцидентот, еден од насилниците отишол на работното место на жената и и покажал видео снимка од неа во возилото и и рекол дека ќе му ја покаже на нејзиниот маж и девер, а потоа ќе ја постави на интернет ако не им даде 2.000 евра.Оштетената обезбедила заем и во два наврата на првопријавениот му исплатила по 1.000 евра. Неколку дена потоа повторно дошол насилникот со уште едно непознато лице и на оштетената и кажал дека треба да обезбеди уште 2.000 евра. Жената го пријавила случајот во полиција пред четири дена и против насилниците е поднесена кривична пријава за уцена./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

