Црна хроника
Јанкулоска: Новогодишната ноќ во Скопје мина со само два инцидента
Новогодишната ноќ во главнито град Скопје мина во мирна атмосфера, со значително помал број пријави споредено со кој и да е друг ден од редовното полициско работење, со само две нарушувања на јавниот ред и мир, од кои едниот е напад врз келнер во угостителски објект а другиот инциедент е тепачка меѓу две лица, оцени во четвртокот министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, при нејзината посета Центарот за информации и команди при Секретаријатот за внатрешни работи Скопје.
„Во текот на изминатите 24 часа пријавени се само шест безбедносни настани од кои само два во текот на новогодишната ноќ. Двата настана се целосно расчистени и документирани. Евидентно е дека граѓаните прославуваа мирно и весело ја дочекаа новата 2015 година“, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Беше информирана за безбедносната состојба на територијата на Скопје дека во другите четири настани кои се случиле изминатото деноноќие се карактеристични за редовното полициско работење, односно евидентирани се разбојништво, тешка кражба, пријавено е едно исчезнато лице и околу 17 часот се случила една железничка несреќа со жртва.
Јанкулоска ги информираше новинарите и за сублимираните резултаит на територијата на Скопје во текот на 2014 година, при што соопшти дека криминалитетот на подрачјето на главниот град е намален за 24 отсто.
„Во претходниот период состојбите на подрачјето на Скопје се подобрени. Во 2014 година регистрирани се помалку тешки кривични дела, односно 6.521 тешки кривични дела, наспроти 9.696 во претходната 2013 година. Истиот позитивен тренд со намалување на бројката се однесува и на разбојништвата и на неколку други карактеристични кривични дела. Единствено во делот на употребата на дроги има благо зголемување, меѓутоа тоа е тренд кој, за жал. е присутен во сите држави“, рече министерката Јанкулоска./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

