Црна хроника
Kривична пријава против ексградоначалникот на Чашка поради несовесно работeње во службата
СВР Велес поднесе кривична пријава против 47-годишниот Г.П. од село Еловец, општина Чашка, кој бил и поранешен градоначалник на општината поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Имено, како што соопштија од полицијата во периодот од 2009 година до 2017 година пријавениот, со пропуштање на должен надзор врз работата на вработените, овозможил да се појави кусок на опремата за симултан превод која била предмет на договор за донација од ЗЕЛС и Швајцарска агенција за соработка и развој.
Ваквата состојба, велат од МВР, била констатирана на 23 ноември минатата година од страна на пописната комисија од општината. При приемот на опремата, ексградоначалникот не задолжил работник за чување и одржување на донираната опрема, со што на општина Чашка ѝ била нанесена штета во висина од 1 000 евра во денарска противвредност, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

