Црна хроника
Кавга за сообраќаен прекршок причина за убиството во Љуботен
Кавга за сообраќаен прекршок што се случила во скопската населба Бутел е причина за синоќешното убиство во скопското село Љуботен.
Дваесет иедногодишно момче од селото Љуботен, идентификувано како Т.Б. е осомничено дека со автоматска пушка го убил триесетгодишниот Џеваир М. од селото Раштански пат, нанесувајќи му прострелна рана во градниот кош. Според информациите на МВР, на убиството му претходела расправија и физички напад што се случиле во четвртокот попладне на кружниот тек во скопската населба Бутел пoради сообраќаен прекршок. Семејството на осомничениот подоцна го повикале Џеваир да појде во Љуботен за да ги расчистат недоразбирањата. Кога стигнале на влезот од селото, Џеваир и неговиот помлад брат биле повикани во близина на џамијата.Таму почнале да разговараат со таткото и двајцата браќа на осомничениот, кој од нива во близина испукал еден куршум којшто бил смртоносен за Џемаил. Тој бил пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“, но лекарот констатирал смрт.Лицата кои го донеле Џемаил во болница го посочиле Т.Б. дека е сторител на убиството. За инцидентот приведени се четири лица и со нив е извршен разговор, а осомничениот за убиството е во бегство./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

