Црна хроника
Казни за убиството на Мевљана за да не биде убиено друго дете
Заштитата на детето е највисоко на пиедесталот во секое современо општество и никој нема право независно дали за тоа постои причина да посегнува по животот на детето.
Обвинетите да се прогласат за виновни и заслужуваат прекор од репресивните институции што ќе испрати порака дека вакво дело не треба да се повтори, рече во вторникот Јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, во завршниот збор за убиството на тригодишната Мевљана која пред една година беше претепана до смрт додека нејзината мајка била на работа.За обвинителот секој доказ во овој случај покажува дека Џемаил Браими и неговата вонбрачна сопруга Јасмина Махмуд, го убиле девојчето, додека двајцата обвинети и денеска тврдеа дека девојчето паднало по скали.„Ние не го направивме тоа, не сме сториле ништо таков. И јас сум татко на четири деца и знам каква е болката за своето дете“, рече Браими. „Ако го тепавме девојчето, ќе ги тепавме и нашите деца. За да го направам тоа, треба да сум будала и ментална, јас фала му на Господ сум здрава“, рече вонбрачната сопруга на Браими, Јасмина Махмуд.Но овие нивни тврдења ги оспори обвинителот со сведочењата на мајката на убиеното девојче, сведоците, исказите на децата кои во моментот на убиството биле во домот, како и со вештачењата на судска медицина кои покажале дека девојчето било претепано до смрт.Вистината на мајката, Садие Саитова, што точно се случило минатата година на 21-ви март и’ ја кажал нејзиниот син и брат на Мевљана кој бил, исто така, во куќата. Соседите кои ги чувале нејзините деца додека била на работа и’ се јавиле и и’ кажала дека девојчето паднало во несвест и побарале веднаш да дојде. Но, братчето и’ раскажало дека Џемаил и Јасмина ја тепале малата Мевљана, а на другите деца им рекле да се пикнат под ќебе. Едно до децата сведоци, дете на Јасмина Махмуд, на психијатрите кои разговарале со него, им признало дека Мевљана ја тепале со тупаници и клоци по главата, телото и задникот, бидејќи се измокрила на тепихот.Ја прекорувале дека не можат да и’ купуваат повеќе алишта и да ја перат. Обвинетите не сакале да го однесат детето на лекар и ја убедувале мајката да не вика полиција и Брза помош со изговор дека ќе има проблеми, бидејќи девојчето немало никакви документи. Полиција и Брза помош викнал пријателот на Садие кој дошол со неа во домот на обвинетите. Повредите на телото на телото на девојчето биле испишани на две страници на извештајот од Институтот за судска медицина. Главни повреди кои довеле до трауматски шок биле повредите на мозочната обвивка, стомакот, ребрата на девојчето биле скршени од двете страни, а имало повреди и на дебелото црево. Вештачењето покажало дека девојчето било тепано со тупаници, клоци, притискање со нога, а на вратот имало и знаци на давање. Во завршните зборови, јавниот обвинител се осврна и на односот на мајката кон девојчето.„Несфатливо е мајката да не знае кога го родила своето дете и тоа да се докажува со вештачење. Тоа што до денес децата немаат никакви документи зборува за односот на родителот, независно од тоа што фантомите се социолошки проблем во општествово. Непоимливо е мајката која спиела со своето дете да не забележи дека детето и претходно било тепано и имало скршеници на телото од пред две седмици пред трагедијата“, рече Јакимовски. Адвокатот на обвинетите Драган Деспотовски, пак, во одбрана на обвинетите го потенцираше доказот којшто го доставиле, мислење од технички советник , лекар кој тврдел дека причината за смртта на девојчето не било трауматски шок, туку дека девојчето паднало од скали. „Се работи за несреќен случај“, рече Деспотовски.Пред неколку дена измина точно една година од смртта на малечката Мевљана. Нејзината мајка побара обвинетите да бидат во затвор додека се живи. Пресудата за овој случај е закажана за на 27-ми март./крај/мф/ффс
Извор: Фото:Телеграф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.
Црна хроника
Возач на комбе не забележал човек зад возилото, го удрил и тешко го повредил
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 30 јануари 2026 година, околу 16:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров се случила несреќа со тешки последици.
Според пријавата, М.Д., управувајќи товарно возило – комбе, при движење наназад не го забележал Д.З. (51) од Скопје, кој се наоѓал покрај ограда зад возилото, при што го удрил. Повредениот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

