Црна хроника
Ќе прегазел полицаец оти му пишале пријава за крадење дрва
Жител на струшкото село Велешта за малку ќе прегазел полицаец оти му пишале пријава откако го фатиле со крадено огревно дрво.
Инцидентот се случил на 23 минатиот месец на регионалниот пат Струга – Дебар кога полицајците го виделе дваесет и четиригодишниот Б.Ќ. како со товарно моторно озило марка „мерцедес“ со струшки регистерски ознаки превезува огревно дрво.
При контрола и преглед на возилото, патролата на шумската полиција констатирала дека приколката од камионот била натоварена со осум метри просторни дабово огревно дрво, за кое пријавениот Б.Ќ. не поседувал соодветна документација.
Тој побарал од двајцата шумски полицајци да не му пишуваат пријава и да го пуштат да си замине. Откако барањето му било одбиено, пријавениот Б.Ќ. го стартувал возилото и директно загрозувајќи ја безбедноста на еден од шумските полицајци кој бил пред товарниот камиот, успеал да избега упатувајќи се према селото Велешта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

