Црна хроника
Крадец фатен во колонијалче, друг се заканувал со пиштол
Во две одделни кражби во колонијални продавници во Свети Николе и во Прилеп, едниот крадец бил фатен, а другиот се заканил со пиштол на вработената и и го украл прометот.
Имено, како што соопшти полицијата, во вторникот, во 19.30 часот во Прилеп на ул. „Златибор“, во колонијална продавница непознато маскирано и вооружено лице извршило разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработената ги одзел парите од касата по што го напуштил местото. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Истиот ден, околу 20.30 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во обид на дрзок начин во колонијална продавница на ул. ,,Пиринска“ во Свети Николе. Имено, маскираниот сторител влегол во продавницата и се обидел да отворил една од касите каде немало продавачка. Притоа, сторителот бил забележан од вработена, а бил соборен на земја од страна друго лице, кое во тој момент влегло во продавницата. После тоа сторителот ги фрлил парите кои ги зел од касата и побегнал во непознат правец. Увид бил извршен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

