Црна хроника
Криминал во охридска фирма којашто била блиска со претходното раководство на општината
Охридска фирма, којашто како што соопштуваат од Финансиската полиција, била блиска со претходното раководство на општината, се сомничи за финансиски криминал од околу 50.000 евра.
Управителот и сопственикот на Трговското друштво за производство, градежништво и трговија „Ина Трејд ДООЕЛ Охрид“, во текот на декември 2009 година со цел да се стекнат со противправна имотна корист, употребиле фалсификувана фактура со вклучен ДДВ за наводно извршена набавка на опрема за потребите на фирмата.Според податоците до кои дојде Финансиската полиција, пријавените лица за потребите на фирмата, на црно од извесно физичко лице од Струга, набавиле машина за производство на сокови за која немало соодветна документација.Со цел машината да ја евидентираат во сметководствената евиденција на фирмата, а воедно и да заработат од повратот на ДДВ, пријавените во сметководството на фирмата употребиле фалсификувана фактура во износ од 20.709.000 денари со искажан ДДВ во износ од 3.159.000 денари од скопската фирма „БЦИ Сопиште ДОО“ која никогаш не е платена на наводниот издавач на истата, но затоа, пак, ДДВ-то во износ од 3.159.000 денари „Ина Трејд ДООЕЛ“ од Охрид неосновано си го наплатила од државниот буџет.Финансиската полиција во текот на истрагата утврди дека од 2008 година па сè до денес, поради отсутност на сопственикот и управител на правниот субјект „БЦИ Сопиште“ од Република Македонија, фирмата не вршела никаква дејност и нема изготвено ниту, пак, доставено никакви фактури спрема фирми од Република Македонија.Поради оштетување на Буџетот на Република Македонија за износ од 3.159.000 денари, Финансиската полиција против управителот и сопственикот на фирмата, до Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе соодветни кривични пријави за сторен финансиски криминал./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

