Црна хроника
Кривична пријава за ограбувач на станови и куќи во Охрид

Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет ичетиригодишен охриѓанец кој извршил повеќе кражби во куќи и станови, стекнувајќи се противправна имотна корист од околу 97.000 денари, соопшти СВР Охрид.
Пријавениот С.А. кражбите ги извршил во текот на август и септември, во различни временски периоди. Користејќи подесен алат и физичка сила, тој ги кршел бравите од влезните и балконските врати на становите и куќите во Охрид по што одземал пари, златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети.
Против С.А. е поднесена кривична пријава за сторени четири казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „кражба“.
По основ на помагање на сторител во извршено кривично дело, во пријавата е офатена е и К.Д. (18) од охридското село Велгошти која од 13-ти август до 10-ти септември во својот дом го криела С.А. иако знаела дека избегал од казнено поправната установа во Струга каде бил на издржување казна затвор.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.