Контакт

Црна хроника

Кривична против напаѓачот на лекарот во Клинички

Објавено пред

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Н.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ како и против А.К.Н.(36) исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за извршени кривични дела „соизвршителство“, „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

dobivaj vesti na viber

Кривичните дела, пријавените ги извршиле, во понделникот, околу 9.10 часот, во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје поточно во просториите на одделението за Дигестивна хирургија. Имено, откако завчера, нивната мајка поради големи болки во пределот на стомакот од страна на И.Н. и А.К.Н. итно била однесена на одделението за дигестивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ каде била примена од страна на оштетениот (кај кого претходно истата била пациент) тој им кажал дека ќе изврши оперативен зафат. По извршениот оперативниот зафат, за истото телефонски бил известен првопријавениот, а вчера од страна на медицинскиот персонал, по извршената утринска проверка на пациентите, било констатирано дека пациентката починала, за што биле известени двајцата пријавени. Веднаш по дознавањето дека неговата мајка починала, И.Н. од дома го зел пиштолот и се упатил кон клинички центар „Мајка Тереза“ каде што на влезот во Ургентен центар се сретнал со неговиот брат А.К.Н. и заедно се упатиле на одделението за дигестивна хирургија.Првопријавениот поминал покрај обезбедувањето и влегол на одделението, а неговиот брат откако бил сопрен на вториот кат од вработениот во обезбедувањето, го удрил со тупаници неколку пати по што продолжил да се движи кон третиот кат.И.Н. на пултот од влезот во одделението за дигестивна хирургија, од дежурната сестра побарал  да му каже каде е докторот (оштетениот) и истата му кажала дека е на брифинг кај шефот на одделението. По кратко време докторот се појавил во ходникот каде што бил забележан од страна на И.Н. кој му се обратил и побарал да разговара со него, по што заедно се упатиле во лекарската соба. Во истиот момент пристигнал и второпријавениот кој заедно со нив влегол во лекарската соба. Внатре без никакво предупредување, И.Н. од палтото го извадил пиштолот и испукал неколку проектили кон лекарот, од кои со три проектили бил погоден во левата нога. По ова, И.Н. и А.К.Н. излегле во ходникот и почнале да викаат и да им се закануваат на присутниот медицински персонал, дека ќе пукаат и кон нив и во еден момент второпријавениот од пултот зел фотелја која ја фрлил најпрвин во стаклената врата која водела кон влезот на лекарската заедничка просторија, а потоа ја фрлил и кон стаклената врата од влезот кон одделението за дигестивна хирургија, по што и двајцата почнале да бегаат. Од страна на полициски службеници од ЕПОИ-АЛФА како и од страна на полициски службеници од ПСОН „Центар“ пријавените биле забележани во КЦ „Мајка Тереза“ по што се лишени од слобода и задржани во полициска станица.На местото на настанот, извршен е увид, од страна на увидна екипа при СВР – Скопје, а во присуство на дежурен јавен обвинител. Од местото на настанот биле подигнати траги и предмети, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени и предадени за анализа. Во просториите на ПСОН „Кисела Вода“ бил извршен разговор со И.Н. и А.К.Н. во кој во целост го појаснија начинот на извршувањето на горенаведените кривични дела. Инаку, второпријавениот е познат сторител на кривични дела и во претходниот период против истиот е поднесена една кривична пријава за извршени две кривични дела „тешка кражба“./крај/со/бб            



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.

„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Топ

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Објавено пред

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.

dobivaj vesti na viber

Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.

Фото: МВР

Прикажи повеќе...

Топ

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

Објавено пред

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

dobivaj vesti na viber

Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.

На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет47 минути

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет1 час

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет2 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија19 часа

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија20 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија21 час

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија21 час

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија22 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет24 часа

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет24 часа

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион1 ден

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија2 дена

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија2 дена

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...