Црна хроника
Кривична против скопјанец поради шверц на хероин од Грција
МВР до Обвинителството во Велес поднесе кривична пријава против Е.Р.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот изречена му е судска мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено на 27-ми овој месец на граничниот премин „Богородица“ при обид за влез на територијата на Македонија од Грција, се пријавил Е.Р. со ПМВ марка „Мерцедес МЛ“ со скопски регистарски ознаки. Од страна на полициските службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Гранична контрола „Богородица“ и царинските службеници од ГП „Богородица“, при зајакната контрола на државната граница било селектирано погоренаведеното возило со цел над истото да биде извршен царински и полициски преглед и претрес.
Притоа од извршениот претрес во возилото од страна на царинските службеници, под менувачот пронајден е специјално направен бункер во редукторот за задните погонски тркала на возилото. При извршениот детален претрес на возилото биле пронајдени: 12 полиетиленски пакувања со непозната прашкаста материја на кои било испишано со црн и плав фломастер буквата “В“; едно искинато полиетиленско пакување со непозната прашкаста материја собрана од внатрешноста на редукторот; метална плочка; дел од менувач со остатоци од прашкастата материја; исечен дел од лименка со остатоци од прашкаста материја; празно полиетиленско ќесе со остатоци од прашкаста материја; како и хартиена кеса од правосмукалка со остатоци од прашкаста материја.
Од извршеното вештачење утврдено е дека прашкестата материја од предметните 12 политенски пакувања претставува опојна дрога хероин со вкупно нето маса од 2789,5 грама хероин чија што вредност на мало е проценета на над 200.000 евра. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

