Црна хроника
Кривична за лихвар од Гостивар
Гостиварската полиција, во вторникот, поднесе кривична пријава против Б.И. (45) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,лихварство“ и ,,изнуда“.
Осомничениот во периодот од 2005 до 2014 година на име „услуга и давање на заем на парични средства со камата“ на лицето Ј.И. од село Балиндол, гостиварско му дал парични средства во висина од 2.500 евра во 2005 година, 500 евра во 2013 година и 1.000 евра во 2014 година.
Пријавениот, искористувајќи ја лекомисленоста и тешката имотна состојба на Ј.И., договорил камати од 20% месечно.
Така, за наведениот период на име камати и услуги го оштетил Ј.И. за вкупна сума од 12.000 евра, односно околу 738.000 денари.
Б.И. му ги изнудувал средствата со упатување на сериозни закани по неговиот и по животот на членовите од потесното семејство по телефон. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

