Црна хроника
Кривични пријави против двајца полицајци за неодземање на оружјето на осомничениот за убиствата во Кавадарци
Соодветни кривични пријави против двајца полициски службеници најави во петокот МВР, откако се утврдени низа пропусти и неосодветно постапување во процедурата во врска со неодземањето на оружјето и дозволата за оружје на осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци.
Констатирано е дека двајцата полициски службеници спротивно на нормативите не постапиле во два случаи, односно следствено прописите не повеле постапка за одземање на оружјето и дозволата за поседување на истото, иако за тоа имале законски основ.
Во првиот случај на 27.08.2014 од ПС од ОН Кавадарци, од страна на инспекторот Д.Т. до ОЈО Кавадарци поднесена е кривична пријава за кривично дело по чл.130 став 2 вв ст.1 КЗ на РМ (“нанесување телесна повреда“) при што биле исполнети условите за одземање на пиштолот кој го поседувал Т.С. со дозвола, врз основа на инструктивна телегрма од Директорот на БЈБ. Во телеграмата е појаснето дека при поднесување на кривични пријави против лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело за кое се гони по службена должност и поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоци со елементи на насилство, од страна на полицискиот службеник кој работи на случајот задолжително да се провери во евиденциите дали лицето поседува дозвола за оружје односно дозвола за носење на оружје и истите заедно со оружјето и муницијата привремено да се одземат и за тоа да биде известен судот.
Во вториот случај констатирано е дека инспекторот Д.К. во текот на подготвувањето на кривичната пријава за сторено кривично дело по член 198 ст.1 од КЗ на РМ (“одземање малолетно лице“) против Т.С. поднесена на 10.11.2014 исто така не постапил согласно погоре наведената Телеграма иако биле исполенти условите за одземање на пиштолот што го поседувал.
Секторот за внатрешна контрола против двајцата инспектори ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело – “несовесно работење “. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

