Црна хроника
Кривични пријави за адвокати од Штип
Двајца штипски адвокати се кривично пријавени за вкупно шест дела, од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, заради постење на основано сомнение дека сториле вкупно шест кривични дела, сторени на идентичен начин, и тоа по две дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353), “злоупотреба на лични податоци“ (чл.149) и „фалсификување исправа“ (чл.378).
Кривично се пријавени лицата 58-годишната Љ.С. и 42-годишниот Н.Н. од Штип, кои што незаконски прибавиле вкупно 2.397.964 денари и го оштетиле Буџетот на Македонија – Министерство за внатрешни работи на РМ за вкупна сума од 3.173.268 денари.
Имено, пријавената Љ.С. во својство на адвокат искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на 2012 и 2013 година повела работни спорови пред Основен суд Штип, против Министерството за внатрешни работи на РМ, за неизвршена уплата на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во име на 18 полициски службеници и без нивно знаење изготвила фалсификувани полномошна за застапување, кои своерачно ги потпишала, притоа злоупотребувајќи ги нивните лични податоци и поднела тужби за наплата на неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, на додатокот на плата за кое претходно биле донесени правосилни решенија.
Исто така, во неколку случаи изготвила и договори за правна помош, склучени наводно меѓу неа, во својство на наредбопримач и барателот, во својство на наредбоавач при што ги потпишала и ги приложила кон тужбата заедно со фотокопија од лична карта на наводниот тужител.
По завршувањето на постапките, а заради наплата на придонесите и наградата за извршената работа, од страна на пријавената бил ангажиран извршител кој постапувал по нејзините барања за извршување и за себе и за адвокатот ги пресметувала трошоците и наградата за извршените извршни дејствија, при што дополнително бил оштетен Буџетот на РМ– МВР на РМ.
Со наведеното, пријавената за себе незаконски прибавила 379.371 денари и го оштетила Буџетот на РМ – Министерство за внатрешни работи на РМ за вкупна сума од 476.246 денари.Пријавениот Н.Н., исто така, адвокат од Штип, искористувајќи ја својата службена положба и овластување во текот на 2012, 2013 и 2014 година повел работни спорови пред Основен суд Штип, против Министерството за внатрешни работи на РМ, за неизвршена уплата на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во име на 106 полициски службеници и без нивно знаење изготвил и своерачно потпишал фалсификувани полномошна за застапување, злоупотребувајќи ги нивните лични податоци и поднел тужби за наплата на неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, на додатокот на плата за кое претходно биле донесени правосилни решенија.
Во неколку случаи изготвил и договори за застапување склучени наводно помеѓу него во својство на давател на адвокатски услуги и барателот, во својство на примател на адвокатски услуги, ги потпишал и приложил кон тужбите заедно со фотокопија од лична карта на наводниот тужител. По завршувањето на постапките, а заради наплата на придонесите и наградата за извршената работа, од страна на пријавениот биле ангажирани четири извршители кои постапувале по неговите барања за извршување и за себе и за адвокатот ги пресметувале трошоците и наградата за извршените извршни дејствија, при што дополнително бил оштетен Буџетот на РМ – МВР на РМ. Со наведените дејствија пријавениот за себе незаконски прибавил 2.018.593 денари и го оштетил Буџетот на Р. Македонија – Министерство за внатрешни работи на РМ, за вкупна сума од 2.697.022 денари.
Оштетени лица – вработени во МВР на РМ од страна на двете пријавени лица- адвокати претходно, во текот на 2010, 2011 и 2012 година биле застапувани во други постапки за што тие уредно им дале Полномошна за застапување кои своерачно ги потпишале, за кои спорови биле донесени правосилни судски пресуди.
Од страна на ЕЕКК при СВР Скопје врз основа на наредби и барања на ОЈО – Скопје, од Основниот суд во Штип и од извршителите, четворица од Штип и еден од Свети Николе во оригинал е одземена целокупната документација по предметите, како и од „УНИ БАНКА“ АД Скопје, „СТОПАНСКА БАНКА“ АД Скопје и „ПРО КРЕДИТ БАНКА“ АД Скопје, од каде е обезбедена комплетна документација за пријавените.
Инаку според крим евиденцијата на МВР во претходниот период против Н.Н. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела – “загрозување на безбедноста на сообраќајот“, “прикривање“, “измама“, “оштетување туѓи права“, “злоупотреба на службена положба и овластување“, “фалсификување исправа“ и “употреба на исправа со невистинита содржина“./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

