Црна хроника
Кривични пријави за четворица поврзани со нападот врз полицајци во Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово во петокот до Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави за четири лица од градот поврзани со нападот врз четворицата полицајци што во четвртокот околу 18 часот се случи во Тетово, информираa во саботата од СВР Тетово.
Шеест и деветгодишниот А.И. е осомничен за убиство во обид, бидејќи според досегашниот тек од истрагата токму тој е лицето кое со железна прачка ги нападнал полицајците, при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди по главите и телата по што биле префрлени на скопските клиники. Врз едниот од полицајците, кој е најтешко повреден, во меѓувреме беше извршен хирушки зафат и е во сериозна здравствена состојба.
Неговиот син, 40-годишниот И.И. е осомнечен за напад на службено лице при вршење работи на безбедност. При обидот за негово апсење поради правосилна судска пресуда со која тој е осуден на казна затвор од една година поради нанесување тешка телесна повреда, дојде до нападот врз полицајците
Другите две лица, 36-годишниот Е.Ј. и 17- годишниот син на И.И. се осомничени како соизвршители при напад на службено лице што врши работи на безбедноста. Е.Ј. уште во петокот половина час по полноќ е приведен и задржан од полицијата, а во подоцна во текот на денот беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд во Тетово кој му определил на Е.Ј. притвор од 30 дена. Истата мерка притвор во траење од 30 дена им е определена на А.И., И.И. и 17-годишниот малолетник кои се во бегство и кои се бараат./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

