Црна хроника
Кривични пријави за неколку семејни насилници
Полицијата од Струмица поднесе кривични пријави против неколку лица, кои злоставувале и нападнале членови на своето семејство.
Имено, кривична пријава заработи лицето М.В. (40) од Струмица поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „телесна повреда“. Тој пред десетина дена, во 5.30 часот, откако се опијанил започнал вербална расправија со неговата мајка по што и физички ја нападнал нанесувајќи и видливи телесни повреди.
Кривична пријава доби и Б.Н. (54) од село Сушево, општина Василево, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „телесна повреда“. Тој пред две недели, околу 12.30 часот, додека со неговата сопруга се превезувале со запрежна кола, без причина ја нападнал сопругата со дрвениот дел од камшикот, а кога стигнале дома и физички ја нападнал нанесувајќи и видливи телесни повреди.
СВР Струмица поднесе кривична пријава и против лицето Б.Ј. (41) од село Градашорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој, минатата недела, во културниот дом во село Градашорци, за време на забава, започнал тепачка со друго лице во која со еден удар му го скршил носот. После тоа оштетениот бил пренесен во Клинички центар Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

