Црна хроника
Кривични пријави за тепачката меѓу навивачи на Стража, прекршочни за тепачката во Скопје
Полицијата поднесе 14 кривични пријави за тепачката меѓу навивачите којашто се случи во неделата на магистралниот пат Гостивар – Кичево и пет прекршочни пријави за тепaчката што се случи во центарот нa Скопје.
Тепачката на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случи во неделата околу 12.30 часот на Сретковски мост. Навивачите на фудбалскиот клуб од Тетово „Шкендија“ кои со десет автобуси се движеле кон Кичево застанале кај мостот и со бекатон плочки и тврди предмети фрлале кон два паркирани автобуса со црногорски регистарски таблици во коишто се превезувале на навивачи на црногорскиот женски ракометен клуб „Будуќност“.Навивачите од Црна Гора возвратиле со фрлање тврди предмети кон автобусите во кои се превезувале навивачите на „Шкендија“. Во тепачката 11 лица црногорски државјани се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар Гостивар.Од нив тројца со тешки повреди, меѓу кои едно прободено, итно биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во тетовската болница биле пренесени и тројца навивачи од „балистите“, навивачката група на „Шкендија“.Кривичната пријава е поднесена против 11 црногорски државјани и против тројца тетовци.За тепачката што се случи во центарот на Скопје меѓу членови на навивачката група „Комити“ и навивачи на „Будуќност“ приведени биле 23 црногорски државјани, а прекршочни пријави се поднесени против четворица црногорски државјани и еден македонски државјанин.Тепачката се случи во неделата попладне во 17.15 часот во Скопје на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ во центарот на градот крај Градски трговски центар.Навивачите на ЖРК „Будуќност“ кои пристигнале во Скопје за да го следат ракометниот натпревар, седнале во угостителски објект и по кратко време пристигнале неколку непознати машки лица. Прво меѓу себе си размениле погрдни и навредливи зборови, а потоа си размениле удари со разни предмети кои им биле на дофат од терасите на угостителските објекти, односно се мавале со стаклени шишиња, метални и други предмети. По кратко време навивачите на ЖРК„ Будуќност“ го напуштиле објектот и се упатиле кон хотел „Холидеј Ин“ каде од страна на полициски службеници кои излегле на местото на настанот, биле пресретнати и застанати. Во тепачката потешко повреден бил скопјанец кој бил прен3сен во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле и две лица од Подгорица. Тие по укажаната лекарска помош во Градската општа болница Скопје, се приведени во Полициската станица Кисел Вода. Приведените црногорски државјани во 23.15 часот биле ослободени од полициската станица и со придружба биле испратени до граничниот премин Блаце./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден по судир со куче на патот Р’жаничино–Таор
Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, се случила сообраќајна незгода во која мотоциклист удрил во куче скитник.
Според информациите, Р.И. (29) од село Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл јамаха со скопски регистарски ознаки, удрил во кучето, по што паднал на коловозот.
Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведени четири лица поради за во Скопје
Во текот на ноќта меѓу 28 февруари и 1 март 2026 година, на повеќе различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица поради поседување марихуана.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп. При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Се судрија три возила на патот Кичево–Гостивар, има повредени
Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки.
Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта.
Со телесни повреди се здобиле возачот на „ауди А3“, сопатничката С.А. (51) од Зајас, како и Г.С.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.

