Црна хроника
Кривични пријави за три лица за труењето во „Арсени Јовков“

Скопската полиција поднесе кривични пријави против три лица, двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години и еден дваесетгодишник за труењето што се случи во средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје пред десетина дена.
Според пријавата, тројцата осомничени за време на големиот одмор на 30-ти октомври со спреј испрскале неколку ученици и дел од просториите на училиштето.Околу десетина ученици беа примени во болниците затруени од хемикалијата со печење на очите и грлото и иритирачка кашлица./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет во судир со автомобил

Вчера вечер во 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од с.Гумалево, скопско и електричен тротинет „шаоми“, управуван од К.М.(59) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен вработен во Здравствениот дом – Берово, кај него пронајдена дрога

Вчера околу 22 часот на улицата „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во координација со ПС Берово од слобода е лишен 29-годишниот Б.Р. од Берово затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана и ризла.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници сопреле возило „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата, по што е известен јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.