Црна хроника
Кривични пријави за тројца стружани поради вршење бесправна сеча на дрва
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за тројца управители на фирми од Струга кои со „злоупотреба на службената положба и овластувања“ пустошеле шуми во струшкиот регион.
Кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „пустошење на шуми“ добиле А.К.(48) од Струга управител на фирма „Фагус 2014„ ДООЕЛ Струга, Т.М.(39), управител на „Дјети“ ДООЕЛ-Струга и Н.З (41), управител на „Диу-М“ ДООЕЛ.
Според информациите од МВР на 28.06.2014 година првопријавениот издал пет фиктивни испратници на фирмата „Диу-М“ за превоз на 50 метри кубни дрва, при што на испратниците не внел дека дрвата се сечени од приватна шума.
Второпријавената, покрај одобрената сеча на дрва за која имала договор со Јавното претпријатие „Македонски шуми“ извршила и бесправна сеча на необележани дрва.
Третопријавената бесправно исечените дрва ги транспортирала до селото Долно Татеши./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.