Црна хроника
Кривични за претседателот и членовите на Регулаторна комисија за енергетика
Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири лица П.Д. (49) од Кратово во својство на Претседател на Регулаторната комисија за енергетика на Македонијаи членовите С.Ј. (59) и Е.М.В. (49) од Скопје како и В.К. (62) од Битола.
Тие се товарат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување со што го оштетиле буџетот на Македонија за износ од 8.056.293 денари.
Имено, пријавените во текот на 2012 година ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и постапиле спротивно од Правилникот за плати, надоместоци на плати и други материјални права на вработените во Регулаторната комисија за енергетика и истите донеле Одлука за исплата на работна успешност за 2012 година со која се одобрува исплата на плата на сите вработени во износ од 100 отсто од нивната плата и при тоа на сите вработени биле исплатени плати во вкупен износ од 1.351.822 денари, иако во правилникот за плати на РКЕ работната успешност на секој вработен се пресметува најмногу во износ зголемен или намален за 10 отсто од основната плата.
Исто така, од страна на пријавениот П.Д. во период од 2009 до 2013 година спротивно на Законот за јавни набавки во постапката за привремени вработувања не е спроведена постапка за јавна набавка за услуги туку биле склучени директни договори за привремено вработување помеѓу Регулаторната комисија за енергетика и Агенцијата за привремени вработувања, при што неосновано биле исплатени 2.304.136 денари за исплата на плати и други надоместоци за две лица иако истите се вклучени и планирани во годишниот план за јавни набавки.
Во периодот од 2010 до 2012 година од страна на пријавените биле ангажирани лица од вработените во Регулаторната комисија во својство на експерти за изработка на стручни анализи, без спроведување на јавна набавка, за чија работа првопријавениот склучува договор за авторски дела со ангажираните лица, застапувани од Авторското правно биро и со одлуки донесени од него и од пријавените на ангажираните лица им бил исплатен надоместок за авторско дело иако според законот за авторско права и сродни права овие дела би можеле да бидат само авторски дела од работен однос и исплатата на паричните средства за ваквите трудови да биде како исплата за авторско дело од работен однос, а не истите да се исплаќаат преку Авторска агенција како авторско дело од договор за нарачка со што е извршена ненаменска и незаконска исплата на средства во износ од 4.400.335 денари за авторски дела на 14 вработени во Регулаторната комисија за енергетика./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

