Црна хроника
Куче скитник предизвика сообраќајка, еден повреден

Куче скитник во петокот предизвика сообраќајка во Кочани при што еден повозрасен маж се здоби со потешка повреда, информираше кочанскат аполиција
Инцидентот се случил во петокот околу 10 часот во Кочани на улицата „1-ви Мај“ откако 68-годишниот С.Н. од Кочани управувајќи мопед „АПН-6“ со штипски регистерски ознаки бил каснат од куче скитник при што изгубил контрола над мопедот и удрил во паркирано возило управувано од 67-годишниот Љ.Т. , исто така, од Кочани.
Во незгодата С.Н. се здобил со тешки телесни повреди, имено скршеница на колено на лева нога, по што му била укажана лекарска помош во кочанскат болница, од каде бил пренесен во Клиничкот центар во Штип, а потоа во Клиничкито центар во Скопје за натамошно лекување./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош

Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега

Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“.
Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик

Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик.
Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“.
На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.