Црна хроника
Кумановци оштетиле фирма за 124.000 денари
Двајца жители на Куманово оштетиле фирма за 124.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(52) за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против И.С.(59) за „помагање“ во врска со горенаведените кривични дела.
Првопријавената како сопственик и управител на правното лице „Витал МБ“-Куманово, вршејќи сметководствени услуги за правно лице од Куманово во периодот од 2008 до 2013 година, неовластено изготвувала налози фалсификувајќи го потписот на управителот на фирмата за која водела сметководствени услуги и истите не ги предавала на управителот, за да неможе да има увид во уплатените и исплатените средства на правно лице „Витал МБ“-Куманово.
Второпријавениот бил ангажиран од страна на првопријавената да врши уплати и исплати на парични средства на оштетеното правно лице за сметка на други правни лица.
Со овие дејствија, пријавените го оштетиле правното лице од Куманово за 124.066 денари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.