Црна хроника
Кумановец девет години работел како полицаец и две години како инспектор без завршено средно

Кумановец девет години работел како полицаец во кумановската полиција и две години бил помлад инспектор за општ криминалитет без завршено средно образование, односно со фалсификувана диплома за сообраќаен техничар.
Тој во 2002 година за да се вработи во Министерстото за внатрешни работи без завршено средно образование, изготвил четири свидетелства за завршени четири години во Авто сообраќаен училиштен центар „Боро Петрушевски“ Скопје, како и диплома за положен завршен испит за сообраќаен техничар. Ваквите документи во четири наврати ги употребил во правниот промет како вистинити и тоа кај нотар од Куманово каде ги заверил истите, во Агенцијата за вработување, во Одделението за заеднички работи во СВР Куманово и при упис во Државниот универзитет во Тетово каде во текот на 2015 година се стекнал со уверение за завршена висока стручна спрема. При тоа, во периодот од 24.02.2005 до 30.01.2014 година бил вработен како полициски службеник во Куманово, а од 30.01.2014 година со решение е распореден на работно место помлад инспектор за општ криминалитет во СВР Куманово.Против триесет и девегодишниот кумановец е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.