Црна хроника
Људмил Кљусев уапсен за продажба на наркотици
Психијатарот Људмил Кљусев, син на првиот премиер на Македонија во техничката влада, кој работи во Ферфилд, САД, уапсен е заедно со негов соработник од ординацијата за нелегална дистрибуција на наркотици, објави јавниот обивинтел на Конектикат, Деидре М Дејли.
Кљусев кој ординирал во Милфорд, бил уапсен во четвртокот 12 ноември, во неговиот дом во Ферфилд. Тој е обвинет за продажба на наркотици што се надвор од неговата професионална пракса, и за перење пари, Јави Daily Voice.Според обвинението, Кљусев препишувал премногу Адерал и Занакс, на пациенти кои во кеш го плаќале својот третман, стои во изјавата.Душан Ботосов, вработен во ординацијата, исто така е уапсен, за нелегална дистрибуција на наркотици.Кљусев, кој бил познат како „Д-р К“, на возраст од 51 година, во четвртокот бил изнесен пред истражен судија и бил притворен.Ботосов, 32, бил уапсен во четвртокот, во неговата резиденција во Клифтон, Њу Џерси. Се појавил пред судија во Њуарк, но бил ослободен со кауција од 200.000 долари.Истрагата, спроведена со сведоштва на повеќе пациенти, како и прикриен полицаец, кој глумел дека е пациент, открила дека Кљусев препишувал лекови без доволно да ги прегледа пациентите, препишувал лекови без да ја потврди состојбата на пациентите и дали таа состојба бара лекување со тие лекови, во замена за пари од пациенти кои го барале тоа од него, а биле зависни од лековите.Тој, исто така, наредувал на вработени кои не биле медицински лица, како Ботосов, да пишуваат рецепти, потпишани од Кљусев, кога тој бил надвор од земјата.Потоа докторот ги депонирал парите од нелегалната продажба на лековите на сметката на фирмата, која ја користел за лични трошоци, како отплаќање хипотека, меѓународни патувања, облека и друго.Двајцата се обвинети за заговор со цел да дистрибуираат наркотици, обвинение за кое максимална казна е затвор од 20 години. Кљусев, исто така е обвинет за перење пари, за што казната е максимум 10 години затвор.Истрагата е спроведена од одделот за наркотици во полицијата и полицискиот оддел во Милфорд.Апсењата ги објави Дејли, заедно со Мајкл Фергусон, од Одделот за борба против наркотици за Нова Англија, како и шефот на полицијата на Милфорд, Кит Мело./крај/дв/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

