Контакт

Црна хроника

Мајката која го фрли синот од тераса била психички растроена

Објавено пред

Мајката која во понеделникот го фрли своето дете од тераса во скопската населба Хиподром, а потоа и самата се фрли, била психички растроена и со сопругот имале семејни недоразбирање, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи од каде излегоа со официјална информација за овој случај.

dobivaj vesti na viber

Случајот во полиција го пријавил сопругот во 8.47 часот и побарал интервенција од полицијата да ја однесе сопругата во соодветна институција, бидејќи се заканувала дека ќе го фрли нивниот син и себеси.Десетина минути подоцна истиот случај во полиција го пријавила сосетка која раскажала дека триесет иседумгодишната Ема се заканува дека ќе го фрли своето дете и дека самата ќе се фрли. По добиената пријава на местото на настанот била упатена групата за интервенции, која по пристигнувањето ја констатирале фактичката состојба и побарале да дојдат екипи на итна медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита и да донесат воздушен душек. Противпожарната бригада со возило пристигнала од задната страна на зградата каде бил подобар пристапот за поставување на воздушниот душек. Таткото, заедно со сосед, стоеле под терасата и разговарале со жената со намера да разубедат во намерата. Околу 09.50 часот мајката го качила нивното шестгодишно дете на прозорецот од западниот дел на терасата и со раце го турнала. Паѓајќи, детето со глава удрило на метална шипка за поставување жица за сушење алишта, а неговиот татко и соседот успеале да го прифатат со раце и да го ублажат падот.Детето со возило на итна медицинска помош било однесено во Ургентен центар за укажување на медицинска помош. За тоа време мајката разговарала на телефон и фрлила два мобилни телефони и лист хартија – проштално писмо.Од страна на Противпожарната бригада душекот бил поставен под терасата каде се наоѓала мајката, но таа откако ќе видела дека е поставен душекот, влегувала во станот и се појавувала на прозорците од западната и југоисточната страна, каде душекот бил преместуван.Во меѓувреме преку Единицата за известување и команда е побарано да се вклучи  алпинистички тим и лица за преговарање од Единицата за специјални задачи, кои со три возила пристигнале на местото на настанот околу 10.05/10.10 часот.  По согледување на  состојбата кон влезната врата од станот, веднаш се упатени преговарачкиот тим и тимот за обезбедување со задача да воспостават вербална комуникација со жената и да го обезбедат просторот. Околу 10.15 часот, преговарачкиот тим успеал да воспостави вербален  контакт со мајката при што таа одговарала во вид на исповед за се што направила и има намера да направи. И рекле да ја отвори вратата со намера да се оддалечи од прозорците (за да на алпинистичкиот тим му овозможи да се спушти и ги блокира прозорците од станот), но таа не прифатила.Направен е и обид со давање информација за добра здравствена состојба на нејзиниот син да се одврати од намерата. За цело време додека траела комуникацијата Ема  седела на рамката од прозорецот. Околу 10.20 часот прекинала комуникацијата, а мајката која била свртена со грбот кон надвор, ја тргнала раката од рамката на прозорецот и со наклонување наназад паднала.Во тој момент алпинистот се спуштил обидувајќи се да ја спаси, но не успеал во намерата. Со возило на итна медицинска помош била однесена во ургентен центар.Од извршените проверки во ургентниот центар од медицинските лица е заклучено дека  мајката се здобила со повреди на градниот кош, додека нејзиниот син се здобил со повреди на коските на главата. Таткото изјавил дека неговата сопруга имала здравствени проблеми (психички нарушувања) и дека имале семејни недоразбирања.Увидот е во фаза на изработка и истиот во наредните денови ќе биде процесиран до Основното Јавно обвинителство во Скопје. Мајката и детето се закрепнуваат во Клиничкиот центар./крај/мф/

Извор: Фото: Утрински весник



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти

Објавено пред

Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.

dobivaj vesti na viber

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.

Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Топ

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Објавено пред

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.

„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.

Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скијач од Словенија повреден на Титов Врв

Објавено пред

Од

Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.

Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет2 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет2 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет3 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет3 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет3 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет3 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија12 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија13 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ14 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија16 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија18 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија18 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија21 час

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија21 час

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија21 час

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија22 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија22 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија22 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија23 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...