Црна хроника
Мајката на Ангел до обвинетиот: Ти ли му ја даде душата, за да му ја земеш?
Бурни емотивни реакции кај семесјтвото на убиениот матурант Ангел Петковски, предизвикаа снимките од камерите на Европската очна болница во Ѓорче Петров на коишто се гледа како крвари матурантот.
„Погледниме во очи и одговори ми дали ти му ја даде душата, за да му ја земеш“ викаше мајката на убиениот матурант со солзи во очите по снимката којашто беше прикажана во судот како доказ за убиството што се случи во месец мај минатата година во Ѓорче Петров.На снимките од четирите камери на очната болниоца не се гледа прободувањето што се случи на насипот кај мостот во Ѓорче Петров којшто води накај Сарај. Според тајмингот на снимките, целиот настан на насипот трае само 25 секунди. На една од снимките се гледа како Ангел и неговиот татко со автомобил „пежо“ се паркираат спроти влезот на очната болница. Таткото на Ангел се упатува кон насипот, по него и Ангел, а потоа и обвинетиот. Од снимката може да се забележи дека и обвинетиот и Ангел кон насипот се движат со нормален од. Поради лошиот квалитет на снимките не може да се забележи дали некој од нив носи оружје во рацете.Потоа се гледа како обвинетиот трча во спротивен правец од насипот, поминува покрај влезот на очната болница и со трчање врти кон десно и се губи од снимката. Ангел и неговиот татко трчаат кон влезот на болницата, во еден момент Ангел паѓа пред скалите на очната болница . Таткото доаѓа до Ангел и го крева во раце и го носи кон влезот на болницата , но тој повторно паѓа на средината на скалите. Таткото повторно се обидува да го внесе во болницата, а потоа доаѓа полиција, брза помош, но за жал Ангел им подлегна на повредите коишто му ги нанел обвинетиот Насер Ештрефи во градниот кош.Адвокатот на семејството Петковски, Ѕвонко Давидовиќ вели дека на снимката се гледа како обвинетиот се допира за појасот што укажува на тоа дека носел нож, иако поради лошата снимка не може да се утврди дали некој носел оружје.„Самиот миг кога стојат на скалите значи дека не се препознаваат, дека сведокот и покојниот не го чекале обвинетиот за да го повредат. Обвинетиот исто така не ги препознава, но факт е дека се тркала по косината и веднаш бега. Исто така се гледа дека одејќи покрај автомобилот се допира за појас , не може да се утврди што има, но заедно со другите докази и посекотините на палецот укажува на тоа дека го држел ножот, што и самиот го признава “ изјави Давидовиќ.Одбраната на обвинетиот пак тврди дека таткото од автомобилот зел дрвен стап со кој го удрил обвинетиот Насер.„Технички е невозможно да се утверди дали било кој од тројцата носи оружје. Меѓутоа извесно е дека при враќањето таткото го носи стапот со кој е удрен обвинетиот. При преглед на возилото стапот е пронајден на задното седиште завиткан во дуксерката“ изјави адвокатот на обвинетиот, Ангел Ѓорѓиев.Во целата оваа ситуација, на снимката се гледа нехуманоста на двајца граѓани. Пред болницата, за време на убиството цело време е паркиран бел мерцеде, а во него на возачкото седиште седи маж со отворена врата. Тој најверојатно забележал се што се случило на насипот. Додека таткото го носи Ангел кон влезот на болницата, оттаму излегува жена која буквално го прескокнува телото на Ангел, влегува во автомобилот и си заминува. Обвинителството и полицијата направиле се за да ги најдат сведоците, но поради лошиот квалитет на снимката не можело да се видат регистерските таблици на мерцедесот. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

